X
 02.05.2015 Технологија

И Јапонија подарува таблети, но на пензионерите

Вчера, технолошките гиганти „Apple“ и ИБМ, заедно со јапонската пошта објавија дека ќе соработуваат во подарувањето таблети и апликации на постарото население на Јапонија.


Таблетите ќе бидат опремени со типични апликации кои се користат за комуникација, но ќе има и апликации кои се специјално дизајнирани за постарите граѓани, кои ќе ги потсетуваат да земаат лекови и слично.

Проектот сè уште е во тест фаза, но Јапонија планира да додели таблети на 5 милиони пензионери до 2020 година.

Постарите граѓани обично не се најголемите корисници на новите технологии, но оваа група во Јапонија сè почесто купува таблети последните години. Тие се лесни за користење за нив и им овозможуваат да читаат поголеми букви и да разгледуаат фотографии на лесен начин. Освен тоа, тие им помагаат да не се чувствуваат осамени и да го вежбаат мозокот со специјални апликации.

Во Јапонија, 25% од населението е постаро од 65 години. Овој број само расте во Јапонија, но и насекаде во светот.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија