Фото: Getty Images
Инспекторите упаднаа во лондонските канцеларии на „Кембриџ Аналитика“ во она што стана огромна контроверзија околу крадењето на личните податоци на корисниците на „Фејсбук“ и нивното користење за време на претседателската кампања на Доналд Трамп и референдумот за Брегзит.
На „Кембриџ Аналитика“ ѝ е забранет пристапот на „Фејсбук“, а основачот Марк Закерберг јавно се извини за прекршувањето на довербата.
„Ова беше големо прекршување на довербата и навистина ми е жал. Имаме основна одговорност да ги заштитиме податоците на луѓето. Ако не можеме да го направиме тоа, не заслужуваме да им служиме на луѓето. Нашата одговорност сега е да се осигуриме дека ова нема да се случи повторно“, изјави Закерберг за Си-ен-ен.
Во пресрет на скандалот, луѓето поставуваат прашања за тоа кои податоци ги знае „Фејсбук“ за своите корисници.
Еве како можете да откриете кои информации ги има „Фејсбук“ за вас.
1. Логирајте се на „Фејсбук
2. Одете во „Settings“
3. Одете најдолу до „General Account Settings“, а потоа кликнете на „Download a copy of your Facebook data“.
4. Напишете ја вашата е-адреса
5. Кога податоците се готови, ќе биде потребно повторно да ја внесете
лозинката
6. Можете да почнете со читање.