X
 26.03.2018 Технологија

Погледнете кои други податоци ви ги краде „Фејсбук“

По скандалот со крадењето податоци, еден човек од Нов Зеланд откри дека „Фејсбук“ не само што пристапува до податоците од нашиот именик и повиците, туку и со години ги чува тие податоци. Тој откри и дека „Фејсбук“ со години преку телефоните со Андроид користи пристап до именикот и повиците на уредот и памти кого повикувал корисникот, кој му ѕвонел, од кој број, на кој датум и во кое време. „Фејсбук“ ги помни и пропуштените и дури и повиците на кои не сте одговориле.


Фото: Pixabay

Од „Фејсбук“ ја потврдија оваа приказна и нивен претставник истакна дека е сосема вообичаена пракса корисниците да му овозможат пристап на „Фејсбук“ до нивните контакти и повици. Според компанијата, не е можно да се инсталира апликацијата, ако не ѝ бидат дозволени тие пристапи.

„Фејсбук“ пристапува и до СМС пораките, но тоа се уште не е разјаснето до крај. Во одбрана на мрежата, портпаролот на компанијата истакна дека тие податоци се користат и чуваат за да се унапреди алгоритмот за препорака на пријатели во иднина.

„Фејсбук“ на Андроид системот ги контролира сите повици и именикот, па и пораките, од верзијата Андроид 4.1 па се до крајот на 2017 година, кога е променет АПИ (Application programming interface), а со најновиот „Фејсбук“ престанал со следењето на сите тие нешта. За жал, сите кои користат верзија на апликацијата која го нема најновиот АПИ и понатаму ги споделуваат со најголемата социјална мрежа сите свои податци за повиците, СМС-пораките и именикот.

Ова е уште еден удар по приватноста на корисниците и Марк Закерберг повторно ќе мора многу нешта да им објаснува на корисниците.

Исто така, доколку се одлучите да го избришете профилот на „Фејсбук“, треба да знаете дека вашите податоци и понатаму ќе останат на серверот на компанијата и можат да бидат споделувани во рамки на условите за користење, на кои сте се согласиле при самото пристапување до мрежата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија