X
 28.03.2018 Забава

Седум помошни алатки за учење на Периодичниот систем на елементите

Ако порано учењето на Периодичниот систем на елементите беше многу тешко, и само со помош на парче хартија, денес, со сите можности што ги нуди интернетот, тоа е многу полесно. Еве седум извори што ќе им помогнат на сите ученици и студенти да го научат системот на елементите.

1. Ptable е интерактивен приказ на Периодичниот систем на елементите. Само доближете ја стрелката до саканиот елемент за да ги добиете основните информации за него. Кликнете на елементот за да отворите статија на „Википедија“ за него. Статијата се отвора во рамките на самата страница, па не морате да ја напуштате и пак да се враќате за повторно да го користите системот.

2. The Periodic Table of Elements, in Pictures and Words е интерактивна страница која им покажува на посетителите како секој елемент се користи или е застапен во производите околу нас. Кога ќе кликнете на некој елемент, ќе ви се појави слика од познат производ или предмет и опис на елементот и неговите карактеристики. На пример, ако кликнете на алуминиум, ќе ви се појави слика од алуминиум и опис на алуминиумот, неговата употреба и карактеристиките.


 
3. The Periodic Table of Comic Books е проект на одделот за хемија при Универзитетот од Кентаки. Идејата е за секој елемент да се дадат смешни нешта од некоја книга поврзани со тој елемент. Ако сакате да дознаете повеќе информации за некој елемент, тогаш кликнете на Web Elements.

4. Periodic Table of Videos е дело на Универзитетот од Нотингем. Табелата овозможува видеодемонстрација на карактеристиките на секој елемент. Сите елементи прикажани на првата страна водат до видеоснимка од која можете да дознаете детали за елементот.

5. The Elements е интерактивна табела на елементите на која можете да кликнете на некој елемент и да научите нешто повеќе за него.

6. Постои и интернет-игра која бара од вас да го искористите вашето знаење за елементите и да ги сместите во празната табела. Бодовите се добиваат според времето и точноста, а играта има три нивоа.

7. На крај, тука е и песната за Периодичниот систем на елементите, која, секако, е најинтересна за оние најмладите, кои првпат се среќаваат со хемијата. Слушнете ја:

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава