По скандалот со неовластеното користење на лични податоци на милиони корисници, некои од најголемите компанија во светот престанаа да се рекламираат на „Фејсбук“ и ги избришааа нивните официјални профили. Во текот на овој месец „Фејсбук“ се најде среде скандал кога беше откриено дека лични податоци од 50 милиони корисници стасале во рацете на компанијата „Кембриџ Аналитика“, која потоа ги користела за да влијае на нивното мислење за Доналд Трамп во текот на претседателската кампања во САД во 2016 година.
Фото: Pixabay
Ова поттикна многумина да ги избришат своите профили и да го напуштаат „Фејсбук“. На социјалните мрежи започна кампања #DeleteFacebook (избришете го „Фејсбук“) и многу светски компании се приклучија на оваа иницијатива. Некои од гигантските компании што се повлекоа од „Фејсбук“ се „Пеп Бојс“, „Плејбој“, „Сонос“.
И покрај јавното извинување на Марк Закерберг, листата брзо се зголемува и на неа се најдоа следниве
компании:
„Тесла“ и „Спејс Икс“
Илон Маск се огласи на „Твитер“ и како одговор на предизвикот, ги избриша страниците на „Тесла“ и “Спејс Икс“, иако секоја од нив имаше повеќе од два милиони следбеници.
„Плејбој“
Креативниот директор на „Плејбој“, Купер Хефнер, исто така објави на „Твитер“ дека официјалната „Фејсбук“ страница на списанието ќе биде избришана.
„Мозила“
Минатата недела претставниците на „Мозила“ објавија дека ќе направат пауза во рекламирањето преку „Фејсбук“.
„Комерцбанк“
Втората по големина банка во Германија одлучи да престане рекламирање на „Фејсбук“.
-Привремено ги прекинуваме рекламните кампањи на „Фејсбук“. Безбедноста на нашиот бренд и заштитата на податоците се клучни за нас - рекоа нивните претставници.