X
 09.02.2019 Забава

Сцена од улиците на Париз што се претвори во најубавата спонтано направена снимка

Некои работи стануваат многу популарни на интернет и кога и да се појават повторно ги дочекуваме со раширени раце. Постои голема шанса веќе да ја имате видено оваа сцена од Париз, но сигурни сме дека никој не би се противел повторно да ја погледне оваа спонтана средба на двајца уметници на железничка станица.

Снимката во која Жерар Пла Даро свири на клавир на железничка станица во Париз си тече како и секоја друга снимка што се појавува на социјалните мрежи, но тогаш се случува нешто од што се ежите. Додека момчето облечено во дрес на „Барселона“ си свири, сосема случајно му се придружува странец, кој ја препознал неговата енергија и тогаш настанува една од најубавите снимки што од 2015 година до денес непрестајно се споделува на социјалните мрежи.

Снимката е поставена на „Јутјуб“, а неодамна повторно се појави на „Твитер“, додека имињата на двајцата уметници се дознаа многу брзо благодарение на интернетот. Погледнете го дуетот на Жерар и Насим Заоуче.

Инаку, клавирот е поставен на железничка станица во Париз пред шест години и е познат како „a vous de jouer“, што во превод значи „тебе ти е ред да свириш“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава