Црната смрт покосила помеѓу 30 и 60 отсто од населението на Европа во 14 век, ширејќи се со брзина на молња од брегот на Црното Море до Средна Европа, а последното истражување покажало дека најраните траги од пандемијата потекнуваат од Лаишево во подрачјето на Волга, Русија.
Иако историските документи првата појава на болеста ја забележале во 1346 година во рускиот регион на долна Волга, научниците не знаеле дали високо заразниот вирус „Yersinia pestis“, кој ја предизвикал смртоносната пандемија, потекнува од еден извор или во Европа болеста стигнала во повеќе наврати, со патниците што биле носители на различни видови чума од различни делови на античкиот свет.
Но, по анализирањето на 34 антички геноми на „Yersinie pestis“ од забите на луѓето погребани на 10 места низ Европа од 14 до 17 век, вклучувајќи и масовна гробница во Тулуз, Франција, научниците од Институтот „Макс Пленк“ во Германија заклучиле дека најарниот доказ за пандемијата на чумата се наоѓа токму во Лаишево во Република Татарстан, дел од Руската Федерација.
Фото: Ilustracija
Научниците утврдиле дека вирусот е предок на сите други геноми што ги проучувале, разликувајќи се само по една мутација од видовите што ја предизвикале црната смрт во Европа.
Тоа не значи дека регионот близу Волга бил основата за црната смрт бидејќи болеста можела да дојде и од некоја област во Западна Азија, каде што научниците допрва треба да ги проучуваат примероците на ДНК на вирусот.
Научниците се сигурни дека откако чумата стигнала во
Европа, за ширењето од Италија до Велика Британија бил одговорен еден вид бактерија. Тој вид ги создал другите видови што предизвикале привремена појава на чума од крајот на 14 век до 18 век.
Тоа укажува дека бактеријата се чувала локално во Европа, можеби кај глодачите како домаќини и развила други видови што предизвикале подоцнежни епидемии.