X
 12.06.2019 Живот

Не сте ниту ноќна птица ниту ранобудец? Науката вели постојат уште 2 типа

На крајот од 20. век, влијателниот германски психијатар Емил Крапелин забележал интересен образец кај неговите пациенти. Некои сакале да си станат рано и да си легнат рано, додека други сметале дека се попродуктивни ако останат доцна и спијат подоцна во текот на утрото.

Анализирајќи систематски клинички истражувања, психолошки експерименти и истражувања за спиење, тој и неговите студенти биле првите што го опишале она што денес стана универзален концепт: светот може да се подели на ноќни птици и ранобудци.

Денес, овие два параметри ги нарекуваме хронотипови, но неодамнешните докази сугерираат дека постојат уште најмалку два типа.

Другите два типа се „дремнувачот“ и „попладневен“ тип на луѓе, велат авторите на истражувањето. Попладневните луѓе обично се поспани наутро и навечер, а нивната будност е највисока некаде меѓу пладне и вечер. „Дремнувачите“ пак, генерално спијат од 11 до 15 часот и се будни наутро и навечер.

Колку и да се чини револуционерно истражувањето, сепак доаѓа со ограничувања. Едно од најголемите е отсуството на податоци што ја споредуваат субјективната и објективната поспаност. Другата е нееднаквата застапеност на возраста и полот. Како такви, авторите признаваат дека понатамошните истражувања ќе мора да ги проверат овие четири различни типа и да откријат какви психолошки, генетски, психосоцијални или еколошки фактори може да влијаат врз нивниот развој.

Така на пример, истражувањата покажаа дека ноќните птици можат да се спротивстават на нивните природни циркадиски ритми за да си ги направат утрата полесни, но дали истото ова би функционирало за попладневните типови на луѓе?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот