Доколку се прашувате која е најсмешната шега во светот, ѕвездата на „Јутјуб“ Грег Браун ги има податоците и теориите потребни за да ви го одговори ова прашање.
Во видеото во продолжение Браун прави
анализа на шегите и она што ги прави смешни пред да ја претстави најсмешната шега на светот според статистиката.
Веб-страницата „Лаф лебс“ спровела истражување за хуморот меѓу 1,5 милион учесници. Меѓу другото, било заклучено дека луѓето повеќе сакаат кратки шеги отколку долги. Истражувањето покажало и дека ова е најсмешната шега во светот:
Двајца ловци ловат во шума. Едниот ловец колабира и изгледа дека не диши. Другиот ловец го вади телефонот и се јавува на итна помош. Извикува: „Другар ми е мртов. Што да правам?“ Операторот вели: „Смирете се. Може да ви помогнам. Прво, да бидеме сигурни дека е мртов“. Тишина, а потоа се слуша истрел. На телефон, вториот ловец вели: „Во ред, сега што?“
Извор:
AsapScience