X
 18.01.2024 Живот

„Kапсули за самоубиство“ - пред смртта им поставуваат три прашања на корисниците

Д-р Филип Ничке има необичен прекар - Д-р Смрт. Често се зборува за овој австралиски научник поради неговата работа во областа на своеволната евтаназија.

Во 1997 година тој ја основал организацијата „Егзит интернешнал“, која нуди информации и едукација за избор за своеволна евтаназија за возрасни. Сега работи на капсули за евтаназија, за кои во август откри дека се подготвени за употреба.

- Зборуваме со повеќе луѓе што сакаат да бидат првите што ќе ги искористат - изјавил тој.

Капсулата е наречена „Сарко под“ и може брзо да го намали нивото на кислород додека го задржува ниското ниво на јаглероден диоксид. Ова се совршени услови за мирна смрт. Многу групи ја критикувале капсулата, која е направена со помош на 3Д-печатач.


Фото: Exit International

Капсулите чинат помеѓу 4.000 долари и 8.000 долари и се во последна фаза на подготовка во Швајцарија, каде што потпомогнатото умирање е легално.

Ничке вели дека сите корисници на капсулата ќе добијат три прашања пред да влезат во машината: „Кој си ти?“, „Каде си?“ и „Дали знаеш што се случува кога ќе го притиснеш копчето?“ Доколку корисникот вербално одговори на овие прашања, може да ја користи машината.

Корисникот сам го притиска копчето, а смртта се случува многу брзо, објаснува Ничке. При влез во капсулата нивото на кислород е 21 отсто, но откако ќе се притисне копчето, нивото на кислород се намалува до помалку од 1 отсто за 30 секунди.

Само членови на организацијата на Ничке може да ја користат капсулата, а членството чини 100 долари. Освен тоа, Швајцарија има строги критериуми за потпомогната смрт.


Извор: Unilad tech
Насловна фотографија: Exit International
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот