Минатата недела од зоолошката градина во Лос Анџелес објавија дека персоналот донел тешка одлука истовремено да евтанизира лав и лавица. 21-годишните сродни души Хуберт и Калиса биле евтанизирани поради влошеното здравје и болести поврзани со староста, кои го ослабиле квалитетот на нивниот живот.
Хуберт бил роден во Чикаго во зоолошката градина „Линколн парк“, додека Калиса била родена од зоолошката „Вудленд парк“ во Сиетл. Тие се сретнале кога биле префрлени во зоолошката во Лос Анџелес, во 2014 година. Оттогаш лавот и лавицата биле неразделни.
Фото: Bored Panda
Бет Шејфер, портпаролка на зоолошката во Лос Анџелес, истакна дека Хуберт и Калиса биле силно поврзани.
- Овие лавови беа харизматични и заедно како родители и одделно, но ретко беа разделени - истакна таа.
Фото: Bored Panda
Лавовите што се во заробеништво често живеат од 20 до 25 години, додека животниот век на лавовите што живеат во дивината е од 12 до 16 години. За тоа има неколку причини. На пример, тие не мора да внимаваат на предатори додека ги минуваат деновите во заробеништво. Иако најголемиот предатор за лавовите е човекот, овие животни исто така мора да внимаваат и на гепардите и хиените, кои може да им ја крадат храната.
Исто така, лавовите немаат медицинска нега кога се во дивината. Ако се повредат, тие само ќе страдаат. Лавовите во зоолошките, од друга страна, ќе добијат итна медицинска помош ако им се случи нешто.
Лавовите во дивината зависат од природата. Ако има суша, нема да има извори на вода или храна. Но, лавовите во заробеништво не мора да се справуваат со ваквите проблеми бидејќи нивната околина секогаш ќе биде иста и вработените во зоолошките ќе им даваат храна и вода.
Извор и насловна фотографија:
Bored Panda