Европската Унија ќе ги повика властите и деловните субјекти внимателно да размислат пред да воведат технологија за препознавање лица. Европската комисија утре ќе ги постави европските правила за иновации, сектор во кој досега доминираа САД и Кина.
Комисијата, моќен регулатор на ЕУ, сака да одговори на загриженоста на европските граѓани за зголемената важност на вештачката интелигенција во нивните животи, во момент на извештаи од Кина за употреба на технологија за препознавање на лицето.
- Она што го видов во Хонг Конг е исклучително застрашувачко - изјави потпретседателката на Комисијата и комесар за дигитална политика, Маргарет Вестагер.
- Луѓето добиваа порака: „Знаеме дека сте тука, можеби треба да се вратите дома“. Тоа баш и не е повик за слобода на собирање или изразување - рече Вестагер, опишувајќи го бранот протести против Пекинг.
Но, наместо директна забрана или мораториум, за што е потребна поддршка од земјите-членки, Вестагер изјави дека тоа ќе биде препорака до властите.
Извор: МИА