X
 27.01.2023 Технологија

Робот-адвокат наскоро ќе брани обвинет на суд

Создаден е робот-адвокат кој со помош на вештачка интелигенција работи на вистински случаи. Следниот месец овој робот првпат ќе застане во одбрана на обвинето лице кое добило сообраќајна казна.

Станува збор за софтвер со вештачка интелигенција кој работи преку телефон. Софтверот ги слуша судските аргументи и формулира одговори за обвинетиот, а потоа преку слушалката му кажува што да каже во судот.

Роботот-адвокат ќе го има првиот случај на 22 февруари, потврдил Џошуа Браудер, извршен директор на компанијата „Ду нат пеј“, која стои зад софтверот.



Компанијата се занимава со вештачка интелигенција и веќе им помогнала на некои луѓе да добијат судски спорови за корисничка поддршка со правни совети. Софтверот може легално да се користи во некои судови во САД, но не во сите.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија