X
 18.02.2023 Живот

Овој мал остров има свој личен облак

Додека некои острови се познати по својата необична географија или уникатна историја, Литла Димун е остров познат по временските услови. Островот, кој е најмал во синџирот на Фарските Острови, често е покриен со облак што го прави сосема нереален.


Литла Димун е најмалиот од 18. главни острови, со површина од помалку од 100 хектари. Ова е единствениот остров кој не е населен. Една од највпечатливите карактеристики на овој остров е тоа што често е покриен со облаци. Овие облаци се познати како лентикуларни - секогаш се неподвижни и кога се формираат над планински врвови или острови, изгледаат како прекрасен шешир.

Поради ова, иако Литла Димун е најмал, сепак, има моќ да влијае врз атмосферата што го опкружува.


Иако Литла Димун обично е ненаселен со луѓе, фармерите одат таму секоја есен за да ги соберат овците скитници и да ги вратат на главните острови. Засега овците владеат со островот.

Oд туризмот го штити и околното море, кое често е прилично брановито, а дури кога ќе се смири, можете да имате пристап до островот.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот