„Тик-ток“ е популарна платформа каде што корисниците можат да креираат и да споделуваат кратки видеа, кои често содржат музика, танц, комедија и друга креативна содржина.
Истражување објавено во меѓународното списание за мобилна комуникација ја споредило употребата на „Тик-ток“ помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и нуди непроценлив увид во однесувањето и мотивациите на корисниците на платформата - и како тие се разликуваат во двете земји. Биле анкетирани 150 кинески и 148 американски корисници за да открие како стапуваат во интеракција со содржината на „Тик-ток“.
Џијан Ши, Мохамад Али и Фиона Чев од Универзитетот „Сиракуза“ во Њујорк, САД, наведуваат неколку точки врз основа на нивната студија. Прво, корисниците на „Тик-ток“ повеќе се ангажираат во самопромоција и видеосодржини на платформата, во споредба со другите кратки видеоапликации како на пример „Снепчет“. Ова би сугерирало дека дел од уникатната привлечност на „Тик-ток“ е неговиот потенцијал да функционира како активност ориентирана кон целта.
Второ, разликите во корисничкиот ангажман меѓу корисниците на „Тик-ток“ во Кина и во САД биле очигледни, особено кога станува збор за степенот на задоволство на кој луѓето се надевале од користењето на апликацијата, при што корисниците во САД бараат повисок степен на задоволство од оние во Кина, известиле од тимот. Разбирањето на таквите културни разлики е од суштинско значење за компаниите, кои се надеваат дека ќе ги приспособат стратегиите за маркетинг на социјалните медиуми согласно потребите во различни земји.
Во суштина, „Тик-ток“ е широко користен како забавна апликација за да им помогне на луѓето да избегаат од секојдневниот живот, да се опуштат, да научат, но го користат и како алатка за одложување и алатка за барање статус и импресионирање на другите. За среќа, не е само тоа единствената цел, луѓето сакаат и да запознаваат и да откриваат интересни луѓе на апликацијата и да се поврзат и да се чувствуваат како да припаѓаат на интересна заедница.
Извор: Okvir.net
Фото: Pexels