Како дел од својата стратегија за проширување на достапноста на алатките за вештачка интелигенција, „Опен Аи“ објавува дека „Чет-ГПТ“ сега може да се користи без потреба од најавување на корисничка сметка.
- Повеќе од 100 милиони луѓе во 185 земји користат „Чет-ГПТ“ секоја недела за да научат нешто ново, да најдат креативна инспирација и да добијат одговор на нивните прашања. Од денес можете да користите „Чет-ГПТ“ без потреба да се најавите. Ова го воведуваме постепено, со цел да ја направиме вештачката интелигенција достапна за секој што сака да знае повеќе - објави „Опен АИ“.
Сепак, треба да се има на ум дека создавањето сметка за користење на „Чет-ГПТ“ носи дополнителни придобивки, како што е, на пример, можност за снимање на интеракцијата на корисникот со чет-ботот, враќање на старите прашања, споделување разговори и користење гласовни команди.
Извор: Bug.hr
Фото: Freepik