X
 18.03.2024 Технологија

Кои се опасностите од полнењето мобилни телефони на аеродромите

Неодамна на социјалните мрежи се појави видео кое предупредува на ризиците поврзани со полнењето мобилни телефони на аеродромите. Снимката, објавена од туристичка агенција, нагласува дека полнењето на телефоните на аеродромите претставува ризик за сајбер-безбедноста на патниците. Видеото конкретно предупредува на опасноста од т.н. „џајс џекинг (Jice jacking)“, метод што хакерите го користат за пристап до податоците на телефоните преку УСБ-влезот за полнење.

ФБИ издаде предупредување за проблемот, а американската Федерална комисија за комуникации (FCC) објаснува дека хакерите можат да инсталираат малициозен софтвер на јавните УСБ-станици за полнење овозможувајќи пристап до електронски уреди од каде што може да крадат податоци додека уредите се полнат. Како резултат на тоа, овие информации може да се користат за пристап до онлајн сметки, па дури и да се продаваат.

Како алтернатива, видеото препорачува да се користат сопствени батерии и преносни полначи додека сте на аеродром, за да избегнете потенцијални хакерски напади и да ги заштитите вашите лични податоци. Дополнително, во коментарите под видеото се предлага патниците да користат обични  полначи или да набават специјални УСБ-кабли дизајнирани само за напојување, без можност за пренос на податоци, како дополнителна мерка на претпазливост.

@ezai.io FBI issues a strong WARNING🚨🚨 Charging stations....A modern-day trojan horse for data theft or just a convenient power-up spot? What do you think? Plug in at your own risk! 🔌👀 #cubersecurity #juicejacking #technology #technews #breakingnews #youhavebeenwarned #smarttech #smarttechnology #datatheft #hackingtools ♬ original sound - Lawrence Mansour

Извор: 24sedam.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија