X
 18.04.2018 Живот

Забавата на работа ја зголемува продуктивноста на вработените


Забавата на работа може да има неколку форми – од добри колеги кои едноставно ја подобруваат атмосферата во работниот простор до „релаксиран петок“, но и низа активности како пинг-понг и куглање.

Според истражувањето на „Брајт ејч-ар“, забавата на работа може да има сериозно влијание врз вработените, нивната работна способност и нивниот став кон организацијата во целина. Забавата на работното место директно влијае врз овие три параметри

1.    Креативност

Студијата покажа дека забавата на работа дава позитивен ефект врз нивото на креативност кај сите што практикуваат некаква релаксирачка активност во текот на работното време, а не само кај вработените во креативните индустрии. Резултатите од истражувањето сугерираат дека забавата на работа на редовна основа предизвикува значително повисоки нивоа на креативност кај вработените, особено кај оние што се занимаваат со организирање на забавни активности во канцелариите. Ова, сепак, е поврзано со повисоки нивоа на психолошка благосостојба.

2.    Болест и отсуство

Изненадувачки е тоа што кај луѓето кои се забавуваат на работа се забележани помал број денови на боледување. Но, истражувањето на „Брајт ејч-ар“ покажа дека 58% од луѓето што не практикуваат забава на работните места минатата година имале по 11 и повеќе денови боледување. Освен тоа, 62% од луѓето без отсуства поради болест практикувале некакви релаксирачки активности на работното место во последните три месеци.

3.    Стрес

Стресот е една од водечките причини за појава на болести и според статистиките, стресот е главна причина за отсуства од работа во Велика Британија. Студијата покажа дека постои значајна корелација меѓу нивото на стрес и навиката да се практикуваат некакви релаксирачки активности на работното место. Кај вработените што најмалку шест месеци практикувале вакви забавни активности биле забележани повисоки нивоа на психолошка благосостојба; 54 проценти од луѓето што постојано чувствувале стрес изјавиле дека забавните активности на работните места би можеле да им помогнат да се релаксираат; 50 проценти од испитаниците изјавиле дека релаксирачките активности на работното место им биле круцијални за продуктивноста. Исто така, вработените што се жалеле на континуирано чувство на стрес нагласиле дека многу би им значело доколку добијат можност да посветат време на такви активности напоредно со работните задачи.

Музиката на работното место исто така помага во вакви случаи.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот