X
 18.04.2018 Живот

Зошто толку се срамиме од комплиментите?

Замислете се себеси во предавална еден ден после испит. Професорот стои пред класот нагласувајќи дека вашиот колега Игор имал помалку импресивен тест, а потоа го насочува вниманието кон Ели, кажувајќи колку прекрасен тест имала таа. Сега, Игор е со наведната глава, а исто и Ели. Што е тоа што прави комплиментите да бидат исто срамни колку и навредите?

Добивањето комплимент треба да прави да се чувствуваме добро. Но може да ве натера да се засрамите и да се повлечете - и не сте сами. Речиси 70 отсто од луѓето го поврзуваат позитивното признание со срам и непријатност. Дали некогаш сте забележале дека еден комплимент има тенденција да привлече низа други комплименти? („Ми се допаѓа твојот фустан“. „Фала, ми се допаѓаат твоите чевли) или како некои луѓе се обидуваат да не ја земат целата заслуга за добрата работа, дури и ако ја заслужуваат („Заедно успеавме, беше тимска работа“). Сите овие се примери за комплиментна анксиозност. Но зошто се случува тоа?

Најпрво, комплиментот предизвикува „чудна брчка“ во структурата на социјалната интеракција. Во принцип, ние сме социјализирани за да не кажуваме позитивни работи за себе и не се согласуваме со луѓето отворено. Тоа може да го направи комплиментот непријатен - или можете да го прифатите, со што ќе го прекршите првото правило, или да го одбиете, со што ќе го прекршите второ правило. На многу начини прифатливиот одговор на комплиментот е срам и непријатноста што ја чувствувате, што може да биде предизвикана од вашето несвесно знаење дека треба да се чувствувате така.

Може дури и да го земете предвид верувањето дека лицето е неискрено, така што тоа може да додаде друго ниво на непријатност.

Постои уште еден елемент на јавна пофалба што е непријатна: делот со јавноста, односно публиката. Анксиозноста околу позитивното внимание е добро документирана и е лесно да се сфати. Кога некој ќе ви даде комплимент, не вели дека само сте направиле добра работа, туку вели и дека ве гледал. Дури и ако го одобри тоа што сте го направиле, вие може да се навратите на делот од процесот што не сте сакале да го види или можеби ќе започнете да се грижите за тоа што ќе се случи кога во иднина ќе ве гледа, а работите не одат толку добро.

Важно е да сфатите дека комплиментите колку што се за давателот, толку се и за примачот. Кога некој ви дава комплимент, ви дава повратни информации за тоа како влијаеле вашите постапки. Тој не ве прашува дали се согласувате со повратните информации, едноставно ви ги пласира. Обидете се да ги прифатите исто како што би прифатиле подарок.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот