X
 08.05.2024 Живот

Еве што значи ако не можете да прифатите комплимент

Дали некогаш на даден комплимент сте одговориле со демант? На пример, кога некој ќе го пофали вашиот чист дом, вие одговарате со: „Ах, ако се загледаш, нема да мислиш така.“ Или кога некој ќе ви даде комплимент за облеката, вие велите нешто како: „Ах, евтино беше.“

Ако ова ви звучи познато, може да постои причина што едноставно не можете да кажете: „Благодарам.“ Всушност, нашето општество прави да ни е тешко „благодарам“ да биде целосна реченица.

Што велат терапевтите? Што значи ако не можете да прифатите комплимент и што можете да направите за да станете подобри?

Во општеството се поттикнува скромноста, а тоа го отежнува прифаќањето на комплиментите

Научени сме дека прифаќањето комплимент може да го промени начинот на кој луѓето нѐ перципираат. Постои лажна идеја дека вашето „благодарам“ ќе се смета за еден вид суета. А за жените и девојките, тоа може да биде уште поинтензивно.

- Загрижени сме да не изгледаме егоцентрично или премногу самоуверено. Ако го прифатам комплиментот, луѓето ќе мислат дека сум премногу самобендисана - вели психологот Емали Биерли, лиценциран терапевт за брак и семејство.

Луѓето не се научени да се фокусираат на поединецот затоа што тоа се смета за себично.

- На тие заедници приоритет им е да се биде скромен и понизен, а прифаќањето комплименти значи дека не си скромен - вели Доминик Мортие, психотерапевт во „Блум сајколоџи енд велнес“ во Торонто.

Може да имате ниска самодоверба


За некои луѓе, неможноста да прифатат комплимент може да укажува на ниска самодоверба или ниска самовредност, вели Мортие.

- Кога некој ни дава комплимент, можеби не му веруваме - вели Мортие.

1
Фото: Freepik

На пример, ако сте свесни за вашите способности за јавно говорење и некој соработник ви дава комплименти по голема презентација, веројатно ќе го земете комплиментот со доза на сомнеж. Ова особено е точно за луѓе чии родители имале ниска самодоверба.

- Тие немаат модел или пример за да видат како треба да одговорат на комплиментите, па одговараат врз основа на она што го научиле или она што го виделе од родителот - вели Мортие.

Постои страв дека ќе бидеме забележани

- За некои луѓе центарот на вниманието е всушност простор за вознемиреност. Не сакам да ме гледаат луѓето, не сакам да ми обрнуваат внимание, не сакам да сум центар на внимание - вели Биерли.

Стандардно, комплиментите ве ставаат во центарот на разговорот. Ова може да ги натера луѓето да ги отфрлат комплиментите или да ја променат темата на разговор што е можно побрзо за да не се центар на внимание.

Комплиментите немаат иста тежина за секого


- За некои луѓе, комплиментите го менуваат нивниот живот и се многу значајни. Тоа значи дека некој добива сигурност и се чувствува сакан. Но, за некои луѓе, тоа не значи ништо затоа што веќе веруваат во себе. Ако сте некој на кого му треба признание и пофалба, комплиментите се навистина важни. Но, ако не ви треба таков вид уверување, и тоа е добро. Ако сакате да научите да прифаќате комплименти, забележете како се чувствувате поради нив - вели Биерли.

И запомнете дека комплиментот е само мислење на една личност. Не мора секогаш да се согласувате со туѓата перспектива. Прифаќањето комплименти наспроти согласувањето со нив се две многу различни работи.

Со текот на времето, ако почесто прифаќате комплименти, можете да научите да се согласувате со комплиментот. Но, едноставното заблагодарување за комплиментите за вашата коса или облека не значи дека и вие автоматски се согласувате.

Извор: Huffington Post
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот