X
 18.04.2019 Живот

Друштвена игра на битолчанецот Тхе Мичо наградена од американската Менса

„Архитектите на Западното Кралство“ е поставена на крајот од Каролиншкото Царство, во околу 850 година

Друштвената игра „Архитектите на Западното Кралство“ (Architects of the West Kingdom) на студиото „Ренегејд“, чиј илустратор е Михајло Димитриевски - Тхе Мичо, е меѓу петте добитници на годишната награда „Менса селект“, која ја доделува американското здружение на високоинтелигентни поединци Менса.



Наградата се доделува од 1990 година на пет друштвени игри што се оригинални, предизвикувачки и добро дизајнирани.

Дополнително, овие игри имаат голема вредност за цената, лесни се за разбирање и играње и се многу забавни, стои на страницата на Менса.
„Архитектите на Западното Кралство“ е поставена на крајот од Каролиншкото Царство, во околу 850 година. Како кралски архитекти, играчите се натпреваруваат да го импресионираат нивниот крал и да го одржат нивниот благороден статус преку создавање различни обележја низ неговиот нов посед.



Играчите ќе треба да собираат сурови материјали, да најмуваат чираци и да ја набљудуваат нивната работна сила. Архитектите-ривали постојано ќе се трудат да го забават вашиот напредок.
Целта на играта е на крајот да бидете играчот со најмногу поени. Тие се собираат преку градење разни згради и унапредување на работата на архиепископската катедрала. Во текот на играта играчите ќе треба да донесат многу морални одлуки. Сепак, само на крајот од играта ќе се судат нивните доблести. Играта завршува штом ќе се завршат одреден број конструкции.
Играта може да ја играат од едно до пет лица и таа е наменета за лица постари од 12 години. Времетраењето на играта е 60 до 80 минути.

Игри на Тхе Мичо неколку пати беа во друштво на најдобрите пет според Менса.

Подготвил: Билjана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот