Можеби е најпознат по неговите стрипови и улична уметност, но сега Бенкси работи во рамките на ограничувањата на карантинот создавајќи поинтимно дело што им оддава почит на здравствените работници.
Уметникот создаде дело наречено „Менувач на играта“ во ходникот на општата болница во Саутемптон.
Делото прикажува момче облечено во пантолони со прерамки како игра со кукла, медицинска сестра, а во кантата за отпадоци се останатите играчки-суперхерои, Бетмен и Спајдермен.
На медицинската сестра, со заштитна маска на лицето и бела престилка на која има црвен крст, ѝ е крената раката како да лета, со наметка на нејзиниот грб.
Бенкси остави порака за здравствените работници: - Благодарност за сето она што го правите. Се надевам дека ова ќе го осветли местото, иако е црно-бело.
Откако ќе бидат укинати мерките за карантин, уметничкото дело ќе биде изложено за јавноста, а потоа и ќе биде ставено на аукција за собирање пари што подоцна ќе им бидат донирани на здравствените работници.
Извор:
The Guardian
Фото:
Instagram