X
 18.05.2021 Живот

Есејот за упис на „Харвард“ на една девојка стана инспирација за секој што изгубил родител

Видео на „Тик-ток“ на една девојка која наскоро ќе стане бруцош неодамна стана вирално поради есејот што го напишала за упис на „Харвард“. Имено, 18-годишната Абигејл Мак ја сподели нејзината искрена приказна за губењето на нејзината мајка поради рак. За приемниот испит на „Харвард“ таа го искористила ова искуство и напишала есеј на таа тема, кој подоцна го раскажа на „Тик-ток“.
@a_vmack

♬ original sound - Abigail Mack
- Ја мразам буквата с. Од 164.777 збора што ја содржат буквата с јас се борам само со еден. Толку, што цел есеј го посветувам на таа буква. Имав двајца родители, а сега имам само еден, но буквата с во зборот „parents“ (англ. родители) не си заминува никаде.

Во својот есеј Мек вметнала и програмата за проверка на граматичките грешки „Грамарли“. Бил обележан зборот „parent“ (англ. родител).

- Дури и „Грамарли“ претпоставува дека треба да имам родители, а не еден родител, но ракот не слуша предлози - напишала Мек во нејзиниот есеј.

Сите зборови што ја содржат буквата „с“ ја потсетувале на нејзината загуба, а тоа се обидела да го надомести тоа со пријавување за сите воннаставни активности.

- Не можам да ја надоместам загубата, но можам да ја преземам контролата над мојот распоред и начинот на кој го исполнувам моето време - пишува таа.

@a_vmack

I didn’t have a voice for a week after this 🥰 #harvard #college #accepted #fyp #foryou #xyzbca #MakeMomEpic

♬ original sound - Abigail Mack
На крајот, Абигејл се одлучила за три активности: театар, факултет и политика. Така почнала да не бега од „с“, туку наместо тоа, почнала да следи две „с“ - „passion“ (англ. страст). Абигејл откри што ја мотивира и почна да се движи кон тоа. Аплицирала на неколку факултети испраќајќи го својот прекрасен есеј и така успеала да ги освои симпатиите на жирито и си заработи место на „Харвард“.

Извор: Buzzfeed.com 
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот