X
 03.02.2022 Здравје

Послабите симптоми на омикрон можеби се последица на колективниот имунитет, велат професори од „Харвард“

Послабите симптоми на сојот омикрон можеби се поради имунитетот на населението, а на поради карактеристиките на самиот сој, според труд од Вилијам Хениџ и Роби Баташарија, професори на факултети при Универзитетот „Харвард“.

Сојот првпат бил забележан во Боцвана и во Јужноафриканската Република во ноември минатата година. И покрај претходните бранови и вакцинирањето, сојот брзо се рашири во Јужноафриканската Република. Во споредба со претходните соеви, помалку луѓе се хоспитализираат и умираат од омикрон, па експертите заклучија дека сојот предизвикува послаби симптоми или е помалку вирулентен од другите соеви.


Фото: Pixabay

Двајцата професори велат дека навидум послабиот омикрон е последица на фактори поврзани со нивото на имунитетот на заразените лица. До минатата есен поголемиот дел од населението во Јужноафриканската Република било вакцинирано или веќе прележало ковид-19. Овој имунитет веројатно направил заразувањето со омикрон да има послаби симптоми.

Освен тоа, послабите симптоми можеби се последица на способноста на омикрон да заразува луѓе кои веќе прележале ковид-19 и лица со силен имунолошки систем кои се подобро подготвени за да се борат со заразата, според професорите.

Трудот на професорите се однесува на случајот со Јужноафриканската Република, а во него се посочува дека однесувањето на омикрон може да се разликува во другите земји.

Извор: The Harvard gazette
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје