Забрзува трката за да се создаде првата универзална вакцина против грип базирана на мРНК. Центарот за истражување на вакцини при Националниот институт за алергија и заразни болести во САД започнува клиничко тестирање на експериментална универзална вакцина против грип.
Во првата фаза од клиничкото испитување, научниците ќе ја оценат ефикасноста на вакцината, како и имунолошката реакција која таа ја предизвикува. Во оваа фаза ќе бидат вклучени 50 здрави волонтери на возраст од 18 до 49 години. Ќе се тестира долгорочната ефективност на вакцината со проверка на имунитетот на учесниците по една година. Во оваа фаза ќе биде одредена и најефикасната доза на вакцината.
Појавувањето на различни соеви од вирусот кој предизвикува грип секоја година бара развивање на универзална вакцина. Секоја година, дури и пред да започне сезоната на грип, научниците мора да предвидат кој сој ќе биде доминантен во следните месеци и да одберат неколку соеви кои ќе ги вклучат во сезонската вакцина против грип.
Овој процес предизвикува трошоци и одзема време. Освен тоа, доминантниот вирус може да мутира и да ја намали ефикасноста на вакцината. Сите овие проблеми би биле решени со добивањето универзална вакцина против грип која би заштитувала од повеќе соеви и подолго би била ефективна.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay