X
 23.01.2023 Здравје

Јапонија ќе го третира ковид-19 како обичен грип

Јапонскиот премиер Фумио Кишида најавил планови за третирање на коронавирусот слично како сезонскиот грип. На тој начин дополнително би се намалиле мерките како носење маски со цел земјата да се врати во нормала.

Кишида изјавил дека им дал насоки на експертите и овластените лица во Владата да разговараат за деталите за намалувањето на статусот на ковид-19. Со промената би се отстраниле правилата за самоизолација и други барања и би им се овозможило на пациентите со ковид-19 да побараат лекување во каква било болница наместо во специјализирани установи.

- За да му се вратиме на нашиот вообичаен секојдневен живот, спроведуваме мерки за приспособување на животот со коронавирусот. Ќе разгледаме конкретни мерки за постепено да преминеме на следниот чекор - изјавил Кишида.

Во Јапонија ковид-19 моментално се категоризира како болест од класа 2, заедно со САРС и туберкулоза. За овие болести се применуваат мерки како ограничено движење и ограничени контакти.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје