За многумина од нас, 2020 беше тешка година за одржување на здравите навики. Како што се менуваат нашите животни ситуации и нашите опции за вежбање надвор од домот со оглед на високиот број на заболени од Ковид-19, тешко е да се одржува вообичаената рутина за вежбање.
Но, имаме добри вести: истражување објавено во списанието „Сиркулејшн“ на Американската асоцијација за срце открива дека
брзите вежби со времетраењето од 12 минути може да го зголемат вашиот животен век и да го намалат ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.
- Почнуваме подобро да ги разбираме молекуларните основи за тоа како влијаат вежбите врз телото и го користиме тоа знаење за да ја разбереме метаболичката архитектура околу моделите на реакција на вежбите - објаснува д-р Рави Шах, главен автор на истражувањето.
- Овој пристап има потенцијал да ги таргетира луѓето што имаат висок крвен притисок или многу други метаболички фактори на ризик како одговор на вежбањето и да ги насочи кон поздрав животен стил.
Извор:
Eatthis.com
Фото: Freepik