X
 29.06.2022 Живот

Дали може да научите странски јазик додека спиете? Еве што вели науката

Денешниот свет бара постојана активност и работа, а со сите работи кои се бараат од нас останува малку време за добар одмор и долго спиење. Затоа можеби веќе сте се запрашале дали е можно да се учи додека се спие.

Хипнопедското учење, односно учењето во текот на спиењето, е стекнување информации додека спиете. Некои научници веќе го тестирале овој метод, а постојат и многу случаи со луѓе кои се разбудиле од кома и зборувале на јазик кој претходно не го говореле. Меѓутоа, кои се доказите за хипнопедското учење?

За жал, ги нема многу. Како што наведува авторката Џенифер Акерман во своја книга, учењето јазик во текот на спиењето веројатно е невозможно и обидите за учење при спиењето биле неуспешни.


Фото: Freepik

Сепак, истражувања укажале на некои предности на повторувањето на претходно научени информации во сонот. Во 2012 година, истражувачи од универзитетот „Нордвестерн“ научиле група учесници на две едноставни песни. Потоа, едната им била пуштана на учесниците додека спиеле и учесниците подобро ја знаеле оваа песна отколку другата.

Дали спиењето навистина помага во учењето?

Според Флоренс Кардинал од канадската Национална фондација за спиење, со обидите за учење или повторување во текот на спиење се попречува сонот и ве спречува да стигнете до нивото на сон кое всушност ви е многу важна за мозокот.

Истражувањата покажале дека мозокот работи и додека спиете, а најчесто оваа работа е поврзана со обработка на информации примени во текот на денот. Затоа, иако постојат многу успешни лица кои тврдат дека одлично функционираат со малку сон, обидот за оптимизирање на секој час од денот можеби не е најдобар пристап.

Технички, би можеле да слушате час по странски јазик додека спиете, но веројатно ќе бидете разочарани од тоа колку малку ќе се сеќавате потоа. Наместо тоа, учете и потоа добро одморете.

Извор: Studenti
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот