X
 18.06.2019 Живот

Како Ормускиот Проток стана жариште на тензии: Каде се наоѓа и зошто е важен?

Неодамнешниот напад на два танкери што превезувале нафта во Орумскиот Проток предизвикаа разговори за стратешки важниот проток и неговата улога во глобалната нафтена индустрија.

Зошто овој проток е важен?

Протокот се наоѓа меѓу Оман и Иран, обединувајќи го Персискиот Залив на североисток и Оманскиот залив на југ што се влева во Арапско Море.

На најтесниот дел е широк 33 километри, а Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија се обидоа да најдат и други патишта за да го заобиколат проблематичниот премин низ протокот, вклучувајќи и изградба на нафтовод.

Скоро петтина од количината на светска нафта поминува низ тој проток, околу 17,4 милиони барели дневно. Членовите на ОПЕК (Саудиска Арабија, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Ирак) - Организација на земји извознички на нафта и нафтени деривати, преку овој проток го извезуваат најголемиот дел од својата сурова нафта.

1
Фото: Wikimedia/CIA

Катар, најголемиот светски извозник на природен течен гас, го испраќа речиси целото негово производство преку протокот.

САД воведе санкции против Иран со цел да се намали извозот на нафта, одлука што ѝ одговара на Саудиска Арабија, сојузник на САД и непријател на Иран. Потоа Иран се закани дека ќе го запре транспортот на нафта преку Орумскиот проток доколку САД продолжи да ја затегнува нивната економија.

На ова подрачје во последниве години забележани се неколку инциденти:

- За време на иранско-ирачката војна од 1980 до 1988 година, двете страни се обидоа да го попречат извозот на нафта во други земји во таканаречената танкерска војна.

- Во јули 1988 година, американскиот воен брод „Винсенс“ соборил ирански патнички авион. 290 лица загинале, а несреќата Вашингтон ја нарече инцидент, додека Техеран тврди дека станува збор за напад со умисла.

- На почетокот на 2008 година, САД соопшти дека ирански брод ѝ се заканил на американски воени бродови.

- Во јули 2010 година, јапонскиот танкер „М Стар“, бил нападнат од милитантната група „Абдула Азам бригада“, поврзана со Ал Каеда. Групата ја презеде одговорноста.

- Во јануари 2012 година, Иран се закани дека ќе го блокира протокот како одмазда за американските и европските санкции.

- Три години подоцна, Иран запленил товарен брод на пристаништето, а во јули 2018 година, претседателот на Иран, Хасан Рохани изјавил дека Иран би можел да ја наруши трговијата со нафта преку протокот како одговор на апелите на САД за намалување на извозот на нафта.

- Во мај оваа година, четири брода, меѓу кои и два саудиски танкери, беа нападнати близу брегот на ОАЕ.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот