X
 22.07.2017 Наука

Зошто во Индија дупчат длабоко во жариштето на земјотресите?

Во ветровитите делови на планините во западниот дел на Индија, геолозите ги дупчат најдлабоките дупки во Азија со цел да ги откријат тајните на земјотресите.

Местото е Готан, масивна планина со 930 метри надморска височина која се наоѓа во западниот дел на Махараштра, каде дуваат силни ветрови, влажни зелени шуми полни со азиски антилопи, диви свињи и елени. Ова место е на некои 10 километри оддалечено од Којна, каде во 1967 година имало катастрофален земјотрес со јачина од 6,3 степени, пет години откако била изградена голема брана за хидроенергија. Во земјотресот загинале 177 лица, биле повредени 2,000 лица и предизвикана огромна штета.

Планините се идеални места за поставување на резервоари за вода за производство на електрична енергија, меѓутоа притисокот на водата може да се зголеми во порите на Земјата и да предизвика нарушувања во кората. Исто така, земјотресите можат да бидат предизвикани од рударство, хидраулично фрактурирање за добивање гас и нафта или со вадење вода од длабочината на земјата.

Геолозите веруваат дека постојат повеќе од 100 локации низ светот каде земјотресите биле активирани со полнење на резервоари за вода.

Во Којна, геолозите велат дека активноста на земјотресите започнала откако бил наполнат резервоарот со повеќе од трилион литри вода во 1962 година. Сеизмологот Харш К.Гупта вели дека овој регион е најдобрата локација во светот каде може да се набљудува земјотрес.

Не е ни чудо што Којна е едно од најактивните жаришта на земјотреси. Помеѓу 1968 и 2017 година, овој регион бил погоден од 22 земјотреси со јачина од 5 до 5,9 степени, и 400 земјотреси со јачина поголема од 4 степени. Биле забележани и неколку илјади помали потреси. Длабочината на епицентрите варирала од 20 до 20 километри. Во овие потреси немало ни жртви ни материјални штети.

Во 1987 година, на реката Варна бил изграден нов резервоар на 20 километри од Којна. 6 години подоцна, блиску резервоарот се случил земјотрес со јачина од 5 степени.

Научните сметаат дека со дупчење длабоко во Земјата и со поставување на инструменти длабоко во јадрото ќе можат подобро да ја набљудуваат активноста на земјотресот.

Помеѓу 2012 и 2014 година, геолозите дупчеле до длабочина од 1,5 километри на 9 места близу Којна со цел да соберат информации. Минатиот декември, тие започнале да ја дупчат првата дупка што поставила разни предизвици. Работејќи 7 дена во неделата, 6 месеци по ред, дупчалката направила огромна дупка. Кога завршиле во јуни, дупчалката пробила низ цврсти карпи и достигнала длабочина од 3 километри каде температурите достигнуваат 80 степени Целзиусови. Откако ќе заврши сезоната на монсуните, геолозите планираат да ги намалат сензорите - термометрите, сеизмометрите и стрес-метрите во дупката.

„Ќе имаме опсерваторија на доволна длабочина за да ги измериме промените во физичките, механичките и хемиските карактеристики на карпите пред, за време и после земјотресот. Имаме интересна работа пред нас“, вели геофизичарот Суканта Рој, лидер на проектот.

Критичарите на проектот, како што е професорот Шајам Рај, го доведува во прашање дупчењето на длабока дупка вредна 73 милиони долари.

„Максималниот интензитет на земјотресите во Којна е помеѓу 6 и 6,5 степени. Ваков вид на земјотрес се случува еднаш на стотина години. Хималајскиот регион е подложен на големи земјотреси. Дали го избравме вистинското место за дупчење?“, вели тој.

Најголемите земјотреси во Индија:


26 јануари 2001 година
- Земјотрес со јачина од 7,9 степени уништил голем дел од државата Гуџарат во северозападна Индија, во кој загинале речиси 20,000 лица, а без домови останале повеќе од еден милион жители.

18 септември 2011 година - Повеќе од 100 лица загинале кога земјотрес со интензитет од 6,9 степени ја погодил планинската држава Сиким во североисточна Индија.

29 март 1999 година - Речиси 100 лица загинале за време на земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погодил Чамоли во северна Индија.

30 септември 1993 година - Повеќе од 10,000 лица загинале кога земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погодил Махараштра.

10 декември 1967 година -
177 лица загинале и повеќе од 2,000 други биле повредени по земјотресот од 6,3 степени што ја погодил Којна во Махараштра.

15 јануари 1934 година
- Повеќе од 30,000 лица загинале во земјотресот со јачина од 8,1 степени што ја погодил источната држава Бихар.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука