Тим од 24 научници потпишаа писмо во кое ги повикуваат Обединетите нации военото оштетување на животната средина да го класифицираат како воено злосторство.
Во писмото се повикуваат владите од целиот свет подобро да го заштитат биодиверзитетот и животната средина за време на конфликти. Научниците, кои претежно се од Европа и Африка, побараа петта женевска конвенција за склучување на меѓународен договор за воено однесување. Повикот за дејствување служи како потсетник за тоа колку уништувачки можат да бидат воените операции за животната средина.
Комисијата за меѓународно право при ОН веќе закажа состанок за финализирање на 28-те начела за заштита на животната средина во време на војна. Ако авторите на писмото имаат успех, начелата ќе вклучуваат и мерки со кои владите би се сметале за одговорни за штетата направена од нивните војски, како и закон за борба против меѓународната трговија со оружје.
-Штетата која војната ѝ ја нанесува на природата е добро документирана, уништувајќи ги живеалиштата на ранливите заедници и туркајќи многу видови, кои веќе се под интензивен притисок, кон изумирање - истакна Сара Дуран, потписничка на
писмото.
Таа додава дека ова не само што ќе помогне во заштитата на загрозените видови, туку и ќе биде поддршка за руралните заедници, (како за време, така и по конфликтите), чии средства за живот се долгорочни жртви на уништувањето на животната средина.
Фото: Freepik