X
 24.11.2016 Технологија

Македонците најмногу сурфаат на смартфони

Речиси сите домаќинства со интернет-пристап имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет. Од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 72 отсто, а 61 отсо го користеле секој ден или речиси секој ден



Повеќе од три четвртини од македонските домаќинства имаат пристап до интернет, објави Државниот завод за статистика. Податоците се однесуваат на првите три месеци од годинава. - Вкупно 75,3 отсто од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за шест процентни поени повеќе во споредба со истиот период од 2015 година. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено од 69 отсто лани, на 74,7 отсто годинава - велат од Државниот завод.

Речиси сите домаќинства со интернет-пристап имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет. Од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 72 отсто, а 61 отсо го користеле секој ден или речиси секој ден.

Најголем дел од граѓаните користеле интеренет преку мобилниот телефон или паметниот телефонот - дури 81 отсто од корисниците на интернет во првото тримесечје. Статистиката покажува дека најголем број биле млади, на возраст од 15 до 24 години (92 отсто).

Интересен е податокот дека 77 отсто од корисниците на интернет во овој период „сурфале“ надвор од дома или од работа.

Според статистичките податоци, 19,3 отсто од лицата кои кога било употребиле интернет, нарачале или купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, а мнозинството од ниов (55 отсто купиле облека или спортска опрема. Речиси половината од корисниците на интернет во последните 12 месеци не дале лични информации на интернет, додека најдавани лични информации онлајн се податоците за контакт (37 отсто и личните податоци како име, дата на раѓање, број на лична карта (33 отсто).

- Корисниците на интернет во последните 12 месеци презеле некои безбедносни активности при давањето лични информации онлајн. На пример, 41 отсто од нив го ограничиле пристапот до профилот или до содржината на социјалните мрежи, 37 отсто одбиле да дадат дозвола за употреба на личните податоци за рекламни цели, 33 отсто ја читале изјавата за приватност пред да дадат лична информација, а една четвртина дале ограничување или забрана на пристапот за географската лоцираност - велат од Државниот завод.

Од 2011 година до почетокот на оваа, за 22,3 отсто пораснал процентот на домовите кои имаат пристап до интернет. Тогаш изнесувал 55 отсто, во 2012 година - 58,3 отсто, следната (2013) - 65,1 отсто, во 2014 - 68,3 отсто, додека лани пристап до глобалната мреѓа имале 69,4 отсто од граѓаните.

Статистиката покажува дека сите граѓани кои не се поврзани со интернет, причина за тоа е што немаат пристап. Така одговориле сто отсто од граѓаните. Дополнително, 29,1 отсто сметаат дека цената на оптремата е многу висока, додека 25,9 отсто сметаат дека прескап е пристапот до интернет. Интересно, 1,1 осто одговориле дека не користат интернет оти се загрижени за приватноста или безбедноста.

Од искористениот интернет, најголем дел од граѓаните - 82,5 отсто го поминувале на социјалните мрежи, додека 75,1 го користеле за телефонирање преку мрежата. Вкупно 65,2 отсто го користеле за читање или симнување содржини од весници и магазини, додека 60,2 отсто за гледање на содржини од видео сервиси за споделување (на пример YouTube).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија