X
 18.06.2024 Технологија

Кои компании произведуваат најмногу паметни телефони?

Во првиот квартал од 2024 година се произведени вкупно 296 милиони паметни телефони, при што е забележан раст на производството за 18,7 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Најновиот извештај на „Трендфорс“ покажува значително зголемување на производството на паметни телефони од 18,7 отсто во првиот квартал од 2024 година во споредба со претходната година.

„Самсунг“ доминираше на пазарот во првиот квартал годинава со производство на 59,5 милиони телефони, а потоа следуваат „Епл“, „Шаоми“, „Опо“, Трансишн“ и „Виво“. Овие брендови заедно заземаат 80 отсто од глобалниот пазар на паметни телефони, а „Самсунг“ држи дури 20 отсто од вкупниот удел на пазарот. Иако има значителен раст, „Трендфорс“ забележува дека ова делумно се должи на нискиот број на производство на почетокот на 2023 година, а бројките во вториот квартал од 2024 година се очекува да бидат пореални и помали.
Извор: 24sedam.rs 
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија