Новиот научен експеримент објавен во списанието „Моментална биологија“ го разјаснува ова етично прашање.
Патрик Хагард, научник од Универзитетскиот колеџ во Лондон, заедно со неговите колеги, сакал да измери што се случува во човечкиот мозок кога на човек му е наредено нешто да направи, а да не одлучи сам така да постапи.
Во раните 60-ти години од минатиот век психологот Стенли Милиграм од „Јеил“ направил серија експерименти со цел да открие колку далеку луѓето се подготвени да одат кога следат наредби. Волонтерите им давале електрошокови на непознати луѓе кои всушност биле актери и кои глумеле дека примаат електрошокови и дека тоа им нанесува силна болка. Некои дури и глумеле дека имале срцев удар.
Милиграм утврдил дека повеќето волонтери продолжиле да даваат електрошокови кога персоналот на лабораторијата ќе наредел, дури и тогаш кога им се чинело дека оние што ги добиваат електрошоковите се повредени. Мал процент на луѓе, и покрај наредбите, одбиле да продолжат да даваат електрошокови.
Експериментот на Милиграм покрена прашања поврзани со човечката природа, но и со начинот на кој бил спроведен експериментот. Многу волонтери претрпеле емоционални стравови поради преживеаното искуство. А за да ги добие своите резултати, Милиграм ги лажел учесниците на експериментот.
Како одговор на неговиот експеримент, универзитетите и другите установи што спроведуваат истражувања врз луѓе го создале Институционалниот одбор за надзор, кој го надгледува секој таков експеримент.
Хагард и неговиот тим спровеле слично истражување.
Тие откриле дека луѓето, ако им е нешто наредено, чувствуваат дека имаат помала контрола над своите постапки, како да дејствуваат ненамерно. Тоа објаснува зошто на луѓето им е лесно да извршуваат лоши работи.
Кога извршуваме некоја наредба, чувствуваме дека имаме помала контрола врз резултатот од нашите постапки. Искуството е толку различно што нашиот мозок различно процесира. Присилувањето ја намалува невролошката обработка на резултатот од сопственото дејствување.
Луѓето што ги слушале наредбите субјективно ги
доживеале своите постапки како пасивни дејства отколку како свои доброволни постапки. Поради тоа, се чувствуваат помалку одговорни.