X
 27.08.2015 Технологија

Создадена ламба која се снабдува со енергија од гравитацијата

Повеќето сте слушнале за соларната енергија, важен, обилен и често евтин извор на енергија за 1.3 милијарда луѓе кои живеат без електрична енергија.

 

dom


Но, новиот проект наречен „GravityLight“ нуди друг витален и често занемарен извор: гравитацијата. „GravityLight“ е технологија која за прв пат била презентирана како прототип во 2012 година, но сега проектот е готов да биде реализира, после успешната кампања за финансирање.

„Сакавме да создадеме уред кој ќе обезбеди енергија за светлината, без ограничување на времето, со цена која ќе биде прифатлива“, вели ко-основачот и дизајнерот на „GravityLight“, Џим Ривс.

Најновото издание на овој проект доаѓа со цена од 20 долари, за која Ривс вели дека навистина се исплаќа бидејќи станува збор за инвестиција која претставува заштеда за голем број луѓе особено во земјите во развој кои трошат многу повеќе пари на керозински ламби. Светската бранка проценува дека оние кои немаат електрична енергија трошат неверојатни 36 милијарди долари на керозински ламби секоја година - околу 10% до 30% од вкупниот трошок во едно домаќинство.

 

струја


Керозинските ламбите исто така се и опасни. Вдишувањето на керозин гасови може да доведе до проблеми со срцето и белите дробови, а несреќите со овие ламби предизвикуваат сериозни изгореници кај 1.5 милиони луѓи само во Индија.

Науката позади „GravityLight“ е едноставна. Ламбата доаѓа со DC генератор и LED свело. Корисникот треба да го закачи на 1 метро височина и да закачи тежина од околу 11 килограми (нешто како торба со камења или песок). Тогаш гравитацијата си ја врши работата: тежината паѓа со брзина од 0.10 сантиметри во минута, напојувајќи го генераторот и осветлувајќи го LED светлото. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија