Секојпат кога една од нашите клетки се дели, постојат добри шанси за појава на мутација. Бидејќи човечкиот геном е доста комплексен, а ние сме создадени од 37,2 билиони клетки, научниците проценуваат дека секој ден продуцираме трилион мутации. Додека повеќето од нив се бенигни, некои не се, а ракот е еден од поопасните за живот.
Има смисла тоа што колку повеќе клетки има во организмот, толку е поголема веројатноста дека мутациите ќе предизвикаат рак, освен што не секогаш е тоа случај. На пример, гигантските слонови ретко заболуваат од рак - помалку од 5 отсто, во споредба со 11,25 отсто од луѓето. Неповрзаноста со големината на телото и ракот се нарекува „парадоксот на Пето“, а научниците се обидуваат да го сфатат. Впрочем, животните со 1.000 пати повеќе клетки од луѓето не покажуваат зголемен ризик за рак, што укажува на тоа дека природните механизми можат да го потиснат ракот 1.000 пати поефикасно отколку кај човечките клетки.
Едно ново истражување можеби ја открило тајната на дебелокожците: станува збор за необичен, повторно роден ген што го поседуваат. Може да се каже - зомби-ген.
Во 2015 година истражување од Универзитетот во Чикаго, предводено од генетичарот Винсент Линч, открило дека слоновите имаат невообичаено големо снабдување на туморски супресорни ТР53 гени. Ние имаме еден, слоновите имаат 20. Второто истражување направено на Универзитетот во Јута го пронашло истото.
ТР53 може да се најде во клеточните јадра, директно поврзани со ДНК. Доколку оваа ДНК се оштети, ТР53 предизвикува хемикалии што можат да го решат проблемот, а ако штетата е премногу сериозна, го спречува дуплирањето и го упатува да влезе во апоптозата, нејзиниот процес на смрт.
Со толку многу од овие гени, слоновите имаат невообичаено буден систем за рано предупредување за рак и исклучително ниска толеранција за опасни клетки. Тимот на Линч го потврди ова со воведување на ДНК-оштетувачки канцерогени во примероци од ткиво на слонови, ламантини (братучеди на слоновите) и дамани.
- Клетките на слоновите изумреа; тие беа целосно нетолерантни на оштетувањето на ДНК за разлика од клетките на нивните роднини. Бидејќи клетките на слоновите умреа веднаш по оштетувањето на ДНК, не постоело ризик тие да станат канцерогени.
Тимот на Линч продолжил да ја анализира механиката на одбранбениот систем на слоновите. Гледајќи ги оштетените клетки, тимот открил дека слоновите и нивните роднини имаат многу нефункционални копии од генот LIF (мртвите LIF клетки ја немаат потребната ДНК за вклучување/исклучување). Неговиот тим бил запознаен со LIF бидејќи има одредена улога во бременоста и бидејќи еден од неговите протеини помага во супресија на туморот.
Не е невообичаено организмите да имаат многу мртви клетки, но самите слонови еволуирале на таков начин што повторно ја вклучуваат една од овие копии, LIF6.
Се чини дека вистината што ја имплицира „парадоксот на Пето“ е дека кога многуклеточните организми се соочуваат со зголемена закана, како што се
канцерогените мутации, природната селекција може да ги наведе да развијат извонредни одбранбени механизми.