X
 10.03.2018 Култура

Ниче, Бертранд Расел и христијанството - Дали Бог навистина е мртов?

ниче
Фото: Getty Images/Scotty Hendricks

Идеите на Ниче за Бог, животот, умот и политиката ги интересираат и оние луѓе што не се заинтересирани за филозофија. Сепак, и идеите на Ниче не се поштедени од критика, а еден од неговите најголеми критичари е филозофот Бертран Расел.

Кој бил Бертранд Расел?


Бертранд Расел бил британски филозоф кој работел на многу полиња. Неговата работа во логиката била промена на парадигма, а неговите дела за модерната љубов биле толку шокантни за неговите современици, што сметале дека е невозможно тој да пронајде работа по објавувањето на книгата „Бракот и моралот“ во 1929 година. Додека денес неговите идеи се сметаат за прилично нормални, тој бил сметан за отпадник токму поради нив.

Што има да каже?


Во неговата историја, Расел посветува поглавје за Ниче. Додека неговите извори биле рано преведени, а Расел бил критикуван поради несфаќање на мислата на Ниче, неговите критики за Ниче и денес се земаат предвид.

Расел започнал со објаснување дека Ниче не е неинтелигентен, дури и ги фали дел од неговите согледувања. Но потоа го започнува неговиот напад.

Тој ги осудува моќните фантазии. Истакнува дека секој друг аналитичар открива дека религијата била користена од благородништвото за да се контролираат сиромашните, а не како што тврди Ниче, за слабите да ја ограничат амбицијата на силните. Тој понатаму тврди дека Ниче бил мегаломан и неговата расипана основа ги прави неговите етички погледи дискутабилни во смисла на вистинската употреба.

Способноста на Ниче за оправдување на страдањата на милиони поради еден голем човек, за Расел се застрашувачки. Го завршува поглавјето отстранувајќи какво било сомневања за неговите ставови за Ниче.

„Не ми се допаѓа Ниче бидејќи нему му се допаѓа размислувањето за болката, бидејќи мажите што му се допаѓаат и на кои најмногу им се восхитува се освојувачи, чија слава е уметноста во предизвикување нечија смрт. Ниче ја презира универзалната љубов“.

Неговото противење на мислата на Ниче го надминува ова. Расел бил аналитички филозоф, додека Ниче бил континентален филозоф. Двете училишта имаат тенденција да гледаат на другите со малку сомнеж, бидејќи аналитичките филозофи сметаат дека нивните колеги немаат строгост и ја гледаат аналитиката одделена од проблемите на живеење.

Расел бил стар демократски социјалист; Ниче ги презирал демократијата и социјализмот. Расел бил утилитарен, Ниче го мразел тој систем на мисла. Расел мислел дека страдањето е лошо, Ниче мислел дека би било добро. Расел бил аристократ кој сметал дека обичниот човек има доблест. Ниче бил обичен човек кој сметал дека доблеста била монополизирана од луѓето.

Како и двајцата биле познати атеисти кога биле во судир со сè?


И Ниче и Расел се познати по својот интелектуален атеизам. Ниче е познат по неговата изрека: „Бог е мртов“, а Расел е познат по неговата книга „Зошто не сум христијанин“ (1927). И двајцата се согласуваат дека Бог не постои, но не се согласуваат околу тоа зошто религијата е лоша и што треба да правиме откако општеството ќе се секуларизира.

Ниче ја сметал религијата за морален слој на општеството, особено лоша за поединците и потенцијалниот суперчовек. Тој исто така имал грижи во врска со способноста на религијата да го задржи нихилизмот. Расел, пак, ја гледал религијата како ненаучен поглед кон светот што ја надживеала корисноста што ја имала. Тој се спротивставувал на религијата бидејќи предизвикувала повеќе страдање отколку што вредела и ги охрабрувала луѓето да дејствуваат сурово, нелогично и догматично.

Расел се согласува со Ниче во врска со една точка. Во „Историјата на западната филозофија“ тој признава дека начинот на живот на Достоевски е прекумерно ограничен од неговата екстремна побожност, бидејќи Достоевски се справувал со проблемот на гревовите само за да има уште една шанса за покајување.

Контрастот помеѓу двата брилијантни филозофи, заедно со нивните области на согласност, се впечатливи мисли од кои сите можеме да учиме.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура