X
 13.04.2016 Живот

Префрлување на свеста од мозокот во друго тело

„Во одредено време во овој век, ќе се соочиме со можноста да бидеме бесмртни“, вели наградуваниот новинар Стивен Котлер. Откако нашите тела ќе умрат, ќе биде возможно да се направи „upload“ на нашите умови во еден компјутер, а потоа да биде префрлен во друго тело.

 

вечност


Како што вели Котлр, основната движечка сила на еволуцијата е смртта - со физичко прилагодување на нашата животна средина, нашите гени се зачувани доволно долго за да бидат пренесени на следната генерација.

Религиозните системи тврдат дека го водат моралот на човековата активност, и тие претпоставуваат што постои после природната смрт, такашто не е јасно што овие догми би тврделе за човековото однесување во свет кадешто би живееле вечно.

 




„Во лицето на бесмртноста, моралот радикално се менува. Еволуиравме да умреме. Како и целата историја на животот на оваа планета, животот мора да има крај. Не постои ништо што ќе каже дека одредено однесување ќе ви донесе бесмртен живот. На овој начин започнува структурата на едно општество - ако можеме да „складираме“ нечија личност на еден компјутер. Токму ова е она што јас го правам. Ја складирам таа личност на компјутер и ја симнувам на нечие тело. Огромни, чудни прашања, нели?

Ние можеме да ја испратиме нашата личност, нашиот мозок, еден дел од нашата свест на компјутер, со што таа ќе остане во светот засекогаш. Мислам дека ова е конзервативно предвидување. Но, поентата е дека во некој момент во овој век, ова нешто ќе стане реално.

Ако погледнете во научно фантастичната работа на Ричард К.Морган, тој зборува за тоа што ќе се случи кога свеста ќе може да се преземе и да се стави на тела кои стануваат излишни и што тоа значи за војниците и армиите“, вели Стивен Котлер. 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот