X
 13.07.2020 Живот

Македонија се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за Ковид-19, донесени протоколи за на плажа, базен, во кафулиња

Македонија да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за Ковид-19 преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини, во кафулиња и угостителски објекти на една маса може да седат повеќе од двајца или четиричлено семејство, може и повече кои не се во роднинска врска, лежалките на плажа мора да бидат на растојание од 4 метри, како да се однесувате на базен. Ова се само дел од мерките кои беа донесени на 76-та седница на Владата.

Продолжуваат стандардните препораки, носење маски, често миење на рацете, физичка дистанца од 2 метра.

Според протоколот за работата на плажите во тек на пандемија, освен задолжителното почитување на основните превентивни мерки за носење лична заштитна опрема на лицето, за физичка дистанца од 1,5 - 2 метри, често миење на рацете со вода и сапун, и редовно чистење и дезинфекција на околината на плажите, задолжително е точното и видливо информирање на посетителите со информативно - едукативен материјал за посетителите во однос на почитување на основните превентивни мерки и начинот на однесување, како и со гласовно информирање за придржување кон препораките.

Правила за однесување на плажите кои се однесуваат на сите вработени лица и посетителите за лична заштитна опрема на лицето која што ги покрива пределот на носот и устата, достапни и видливи места за средства за дезинфекција на рацете, физичка дистанца од 1,5 – 2 метри, вклучително и при престој во вода, како и ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, односно максимум 15 посетители на 100 квадратни метри нето површина.

На плажите е задолжително меѓу индивидуалните чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, растојание од 1,5 - 2 метри помеѓу лежалките поставени под соседни чадори. Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и после користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби.


Фото: Flickr

Се забрануваат групните спортови (како одбојка на плажа), и задолжително е одредувањето лица кои ќе го контролираат бројот на посетители и спроведувањето на мерките. Не се препорачува користење на гардероби на плажа.

Протоколот за работа на базените во тек на пандемија со Ковид-19, определува како задолжително пред билетарите да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5 - 2 метри. Меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5 - 2 метри или заштитна бариера. Да се препорача и практикува бесконтактно плаќање со кредитни картички. Да се обезбеди и препорачува онлајн купување на билети. Пред влезот на базените задолжително е да се постави дезбариера (подлога) за дезинфекција на сите посетители и да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете со известување за посетителите за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување и да се постави пред влезот на сите простории во објектот.

Задолжително е редовно информирање на посетителите, а користењето на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување на ред и незадржување од страна на назначени лица од редарска служба. Зачестено да се чистат и дезинфицираат соблекувалните на секои 2 часа (по потреба и почесто). При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера за миење на нозете.

Сите вработени лица и посетителите до влегување во базенот задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето што подразбира било каква форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата, како и да одржуваат физичка дистанца од 1,5 – 2 метри вклучително и во базенските води.

Владата денеска донесе и измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана со кои се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса, како и ограничувањето со кое се определуваше дека на една маса можат да седат четворица само ако се од исто семејство.

Одлуките во целост преземете ги ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот