Животот е полн со одлуки. Без разлика дали изберете едно или друго, ние донесуваме одлуки и нивното влијание доаѓа после донесувањето.
Фото: Pixabay
Запознајте го Џо Грин, поранешниот цимер на Марк Цукерберг. Наместо да се откажи од факултетот со неговиот цимер, за да работи на потенцијалната страница за социјално вмрежување, тој го послушал неговиот татко и се фокусирал на студирањето.
Но, никогаш не помислил дека оваа навидум рационална одлука ќе го чини 100 милијарди долари, моменталната вредност на Фејсбук. Но, што ако го следел претчувството и ако се одлучел да се откаже од факултетот? Неговиот живот би имал сосема поинаква приказна.
Донесувањето одлуки е најважната вештина која треба да ја подобриме. без разлика дали сме успешни или среќни, нашиот живот е одреден со одлуките кои ги донесуваме.
Постои начин за правилно донесување на одлука. Сите сме се соочиле со ситуација во која се бориме да донесиме важна одлука. Обично се наоѓаме на крстопат, се прашуваме дали треба да веруваме на нашата интуиција или внимателно да направиме пресметки за да го извлечеме заклучокот.
Но, најчесто веруваме дека логичното размислување може да нè одведе до правилната дестинација. Но, додека се обидуваме да донесеме правилна одлука, нели е поважно да направиме чекор поназад, и да се запрашаме себеси: дали потпирањето на логично размислување може да ни помогне и да биде најдоброто решение за нас?
Не баш.
Само доколку се разберете себеси можете да донесете најдобра одлука
Во нашиот процес на донесување на одлуки, секогаш бараме надворешни информации од кои очекуваме да нè водат. Ова вклучува и совети и мислења од луѓето што ги знаеме, луѓе со искуства и луѓе на кои можеме да им веруваме.
Кога излегува дека одлуката е погрешна, ние ги обвинуваме нив бидејќи не ни дале добар совет. Целосно се исклучуваме себеси. Затоа, кога се знаеме себеси добро, тогаш можеме да процениме дали советот или информација е вредна или прецизна. Никој на планетата не нè знае подобро од самите себеси. А само-разбирањето е како мерило кое може да ви помогне да ги процените собраните информации и совети.
Себе-разбирањето е апстрактен концепт. А за да започнете од нешто апстрактно е предизвикувачки, па затоа ви нудиме чекори кои треба да ги следите за да бидете успешни во запознавањето себеси подобро.
1 чекор: Мајерс-Бригс тест за личност
Ако не знаете каде да започнете, започнете со
овој тест кој нуди анализа на вашата личност и ја групира во 16 различни категории. Тестот се состои од прашања и изјави, и ве прашува за мислење.
2 чекор: Силни и слаби страни
Запрашајте се себеси во кои области сте добри, а во кои не. Добро би било да дадете примери за да ги илустрирате карактеристиките. Исто така, може да ги прашате вашите пријатели и членови од семејството истото прашање и да ги споредите нивните одговори со вашите.
3 чекор: Приоритети
Секој ги мери
работите во нивните животи поинаку. Кога се ставате себеси во типично сценарио, сфаќате што е поважно за вас. На пример, ако вашата куќа гори, што би направиле и кој би спасиле? Ќе бидете изненадени од вашиот начин на приоретизирање на работите.
4 чекор: Силни емоции
Потсетете се на вашето искуство кога имате навистина силни емоции. Откако ќе ги идентификувате инцидентите, тогаш можете да погледнете во причините зошто се предизвикани силните емоции. Што точно ве натера да бидете лути? Што посебно ве радува? Со проверување на овие искуства, можете да се разберете себеси повеќе и да дознаете што влијае врз вас.