Свеченоста на доделувањето на телевизиските награди „Еми“ годинава нема да има водител. Наместо тоа, продуцентите одлучиле да им оддадат почит на некои од најпопуларните серии што во последниве месеци го имаа својот крај.
Извршниот директор на „Фокс ентртејнмент“, Чарли Колиер, ги потврди овие наводи.
- Наша задача е да процениме како да го подигнеме нивото на програмата за оваа година и имаме среќа… Интересно е тоа со колку многу фантастични серии се збогувавме овие месеци - „Игра на троновите“, „Империја“, „Списанието Вајс“ и „Бубалици“ - изјави тој.
По четврти пат во историјата на овие награди нема да има водител. Претходно тоа се случи во 1975, 1998 и 2003 година.
- Доколку има водител и вовед, тоа се 15-20 минути кои може да се искористат за посебен осврт кон сериите што го имаат својот крај. Тоа е нашата цел за доделувањето на наградите „Еми“ овој пат - подвлекува Колиер.
Минатата година Мајкл Че и Колин Џост – ѕвездите од емисијата „Сатурдеј лејт најт“ - беа домаќини на шоуто.
Годинашното 71. доделување на наградите „Еми“ ќе се одржи на 22 септември.
Извор: МИА