X
 18.09.2020 Култура

Семејниот филм „Стела“ го отвора „Синедејс“

Детскиот филм „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ, вечерва во 20.30 часот, во Градскиот парк во Скопје ќе го отвори 19. фестивал на европски филм „Синедејс“. Toa e првиот македонски семеен детски филм во продукција на „Дрим фактори“, а главните улоги ги толкуваат: Петар Маниќ, Дејан Лилиќ, Христина Поповиќ, Тони Михајловски.

Фестивалот ќе се одржува на девет локации во Скопје: Градски парк, паркот кај Младински културен центар, паркот Ибни Пајко, паркот во Кисела Вода, кината „Напредок“ и „Маџари“, дом на градежници „Кочо Рацин“ и покривот на Градскиот трговски центар.

Официјалната селекција, во која селекторот Бернд Будер одбра пет наслови, ќе почне утре со германскиот филм „Кожурец“. Вкупно 40 филма ќе бидат прикажани на фестивалот.

Во рамките на „Синемјузик“ ќе настапат „Љубојна“, „Зулу 3.4“ и ЗЏМ колектив со гудачки оркестар. Со премиерата на филмот „Хомо“ на Игор Иванов фестивалот ќе биде затворен на 24 септември.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура