Богата музичка програма во скопскиот Младински културен центар ќе се случува во рамките на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ (Cinedays) кој ќе се одржи од 10 до 19 ноември, најави денеска Златко Стевковски, директор на МКЦ. Филмскиот фестивал ќе има и музички дел, со музички филмови (документарци), концерти, работилници и гости. Оваа програма едноставно е наречена „Синемјузик“.
- Програмата почнува уште на првиот фестивалски ден, со биографскиот филм „Miles Ahead“ за џез-музичарот Мајлс Дејвис во режија на Дон Чидл. Вечерта ќе продолжи во МКЦ со музика на Мајлс Дејвис на која диџеј ќе биде Оливер Белопета, директор на Скопскиот џез-фестивал - најави тој.
Во нардените денови од музичкиот дел на фестивалот се и проекциите на документарците „The Beatles: Eight Days A Week“ на режисерот Рон Хауард и „Gimme Danger“ на Џим Џармуш, „Congo Beat The Drum“ (африканска вечер), премиера на „Лимуново дрво“ - документарец на Бранко Радаковиќ за првиот бенд на Милан Младеновиќ од „ЕКВ“, „Industrial Soundtrack For The Urban decay“, филмот за Дејвид Брн кој ќе го отвори Tribeca Film Festival...
По филмските проекции ќе има и музички вечери во МКЦ, кино „Фросина“. Филмската програма на „Синедејс“ ќе биде соопштена идната среда.