X
 18.09.2022 Живот

Зошто не ни се допаѓа новата музика?

Луѓето генерално не сакаат нова музика. Како што старееме, повеќе ја бараме добро познатата удобна зона која ни обезбедува прибежиште и спокојство, убедени дека добро познатите песни секогаш ни го нудат она што ни треба во моментот. Без разлика дали сме имале потреба да се радуваме или да се ублажи тагата.

Поради ова, често ќе се согласиме со некој што вели дека денешната музика не е добра. Она што било порано секогаш е подобро, додека денес доминираат новитети без квалитети.

Биле направени и научни истражувања за да се утврди зошто е тоа така. Резултатот од ваквото истражување е дека над 60 отсто од испитаниците постојано слушаат стари песни, не се мачат да откриваат нова музика, додека дури една четвртина немаат желба да слушаат музика надвор од омилените жанрови.

Интересно, други истражувања откриваат дека постојано слушаме исти песни поради носталгија, бидејќи тие се директни врски со младоста, односно периодот од животот кога сме биле најсреќни. Песните што ги сакаме го поттикнуваат чувството на пријатност и ослободуваат допамин, серотонин, окситоцин и други хормони на среќа и задоволство.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот