X
 25.06.2021 Живот

Торнадо уништи градови и села во Чешка, има тешко повредени и починати

Чешка вчера вечерта ја погодило невреме какво што не се памети. Ретко торнадо зад себе оставило пустош и најмалку 150 повредени, а има и починати, пренесуваат „Ројтерс“ и Би-би-си.


Торнадото уништило делови од градови, а тоа ги погодило во местата околу Ходонин, покрај границата со Австрија. Ветрот достигнал брзини од 267-332 километри на час. Со тоа, ова е најсилното торнадо што се случило во Чешка во поновата историја и прво торнадо од 2018.



На фотографии објавени на социјалните мрежи и веб-страниците се покажуваат куќи и цркви со оштетени кровови, скршени прозорци, паднати дрвја и уништени автомобили. Би-би-си пренесува дека 63 лица биле однесени во болница со итните служби, од кои десет се тешко повредени. Во моментов спасувачките служби се на терен.


Според локалните медиуми, околу седум помали градови се многу оштетени. Половина село е целосно уништено во општината Храски. Над 100.000 домови останале без електрична енергија во текот на ноќта.




Извори: Reuters | BBC
Фото: Screenshot
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот