Технологијата отиде толку далеку што повеќе не се воодушевуваме кога еден уред со големина на книга содржи стотици, дури и илјадници различни текстови. Но, човештвото од 21 век не дојде до идејата да стави неколку книги во една, а не беше ни прво што ова го спроведе во дело.
Историчарот за средновековни книги, Ерик Квакел, укажува на „dos-à-dos“ врзување во 16 и 17 век, со кое книгите претставувале две сосема различни дела, поврзани на грбот.
Набрзо потоа Квакел објавил книга од 16 век што содржи не помалку од шест различни книги во една.
- Сите текстови се испечатени во Германија во текот на 50-тите и 70-тите години на 16 век и секоја од нив е затворена со мал затворач. Додека е тешко да се следи локацијата на одреден текст, книгата што можете да ја отворите на шест различни начини е доказ за вештините на човекот - додава тој.
Пред 4 или 5 века ваквата книга без сомнение би ги импресионирала луѓето исто колку што нас би нѐ импресионирале најнапредните делови на електронските уреди. Но, кога интернетот го откри постот на Квакел, стана јасно дека оваа
книга нѐ привлекува на ист начин како и сосема нов дигитален уред.