Едно од најопасните места за жените е нивниот дом, се наведува во извештајот на агенцијата на Обединетите нации за рамноправност на половите, со наслов „Напредокот на светските жени“.
- Шокантното секојдневно малтретирање на партнерот статистички значи дека домот е едно од најопасните места за жената - вели извршната директорка на ОН Жени (UN Women), Фумзиле Мламбо-Нгкука.
Во извештајот се повикуваат државите-членки да повлечат потези и да ги прифатат законите со кои ќе ги заштитат жените од семејно насилство. Во него се посочува дека спрегата на патријархална моќ, власт и контрола над жените и децата можат да го направат семејството опасно место, каде што насилството над жената се простува и постојано се повторува.
Во 19 од 189 земји и територии опфатени со истражувањето законите од жената строго бараат послушност кон сопругот. Во 11 од нив брачното силување не е криминализирано со закон.
Околу 76 отсто од земјите во светот до 2018 година имале закони кои го сузбиваат семејното насилство. Но, дури 17,8 отсто во последните 12 месеци пријавиле психичко и сексуално злоупотребување од страна на своите партнери.
Извор: МИА