X
 18.10.2020 Наша тема

Имаат услови, но немаат часови, сајбер-булинг врз наставници, парталави или никакви учебници, зошто фрламе ѓубре, каде патуваме во пандемија...

Онлајн-наставата им носи нови главоболки на наставниците, кои се исправени и пред сабјер-булинг од учениците. Какви учебници добија децата на почетокот на учебната година? Зошто толку ја валкаме околината, каде патуваат Македонците во пандемија, како да си го чуваме здравјето беше само дел од она што го пишувавме и истражувавме неделава.

И во услови на криза и на многу ограничувања, нашиот тим се потруди да обезбеди квалитетна и шаренолика „Литера 2020“. Се фокусираме на емоцијата и на бојата, повторно водени од мислата на Кондовски: „Цртањето е забавно, но и корисно за децата“. Во таа насока имаме неколку работилници за деца со искусни и квалитетни едукатори, ќе организираме и дебата за значењето на детската илустрација, а, се разбира, ќе има и промоции



Учениците ми го исклучуваат микрофонот, па не се слуша што зборувам“, „Ме отстрануваат од групата за онлајн-час“, „Учениците користат програми за да создаваат бучава и да не можам да предавам“, „Поставуваат вулгарни слики во заднина во видеоповикот“. Ова се дел од жалбите на наставниците за нивните секојдневни случки со учениците и во основно и во средно образование, откако наставата се одвива онлајн. Наставниците што помалку ја владеат апликацијата „Мајкрософт тимс“ чувствуваат срам и страв и не сакаат јавно да зборуваат за тоа што им се случува во текот на наставата.



Во неколку училишта нема настава од различни причини, некаде се технички, а некаде има бојкот, велат инспекторите, кои најавуваат дека од ноември ќе ги оценуваат училиштата. Две недели од почетокот на новата учебна година државните просветни инспектори прибираат информации од терен за тоа каде и како тече онлајн-наставата и каде нема часови. Исто така, се забележува и со какви проблеми се соочуваат вработените во училиштата додека траат часовите.




„Азбуката на Биби“ е првата видеосодржина од „Светот на Биби“ со која децата се запознаа пред точно две години, на јутјуб-каналот на Биби. Со повеќе од 2,5 милиона прегледи, „Азбуката на Биби“ им е омилена на децата. Започнавме срамежливо, но сигурни дека сме на вистинскиот пат - создавајќи го ликот на малото палаво девојче со црна коса, сини очи, секогаш подготвено за авантури и за учење. На почетокот таа беше само лик кој ја красеше страницата за добри родители Деца.мк, но набрзо посакавме да биде повеќе од тоа. Посакавме Биби да им стане најдобра другарка на децата! И по точно две години среќни сме што успеавме во тоа.
Токму на 14 октомври, пред точно две години, Биби почна да ги освојува јутјуб-просторот и детските срца. Започнавме со учење на буквите и „Азбуката на Биби“, што до денес е најпопуларното видео со повеќе од 2,5 милиона прегледи.



Убавка Бутлеска

Само ако овозможите здрави односи, добри рутини и отпорност кај децата и кај возрасните, мозокот ќе се развива, ќе учи, квалитетно ќе работи. Во спротивно, училиштето само ќе го зголеми и продлабочи веќе постојниот стрес.
А дали ова е присутно во нашите училишта откако се вративме во нив, било да е со физичко присуство било на далечина? Прашува педагогот Убавка Бутлеска, во нејзината колумна.

-Дали ќе претераме ако кажеме дека изминативе месеци беше и сè уште е ужасно: пандемијата ги измести нашите животи, станавме изолирани, фрустрирани и нетрпеливи, па дури и осамени, депресивни, несигурни.
Како тогаш да бараме и да очекуваме децата што се вратија во училиште веднаш да се приспособат на наставните програми и да седнат да учат и да пишуваат домашни.



Парталави учебници, а по некои предмети воопшто нема. Што покажаа резултатите од нашата анкета? Одговорите се разновидни, коментарите се остри. Едни велат дека училиштата барале нови учебници од Министерството за образование и наука, но тие сè уште не се испорачани. Учебници нема, а тие што се користат се искинати, без корици, мувлосани. Катастрофа, хаос, ако има пари за кафеани и возила за функционерите, мора да има и за учебници за учениците. Ова се дел од коментарите на анонимната анкета „Дали ги добивте потребните учебници?“ објавена на Факултети.мк и Деца.мк, а на која одговорија 356 читатели.

Родителите се жалат дека децата немаат од што да учат, дека наставници им испраќаат учебници по електронска пошта со препорака да ги испечатат или да почекаат уште малку. Од МОН велат дека од вкупно 342 основни училишта, 111 побарале учебници врз основа на оштетеност.



Веќе шест месеци светот функционира со речиси затворени граници. Патувањата добија нова димензија. Патувачите се со сосема поинакви идеи и желби за патување. Туристичките агенции со модифицирани аранжмани. Сè функционира поинаку откако коронавирусот почна да ни ја менува животната динамика.
Границите на многу земји се затворени. Некои ги променија мерките и почнаа да примаат туристи. Но агенциите сè уште дишат на респиратор. Периодов се патуваше главно во Турција и во Албанија. Со отворањето на границите се шири и понудата на агенциите.





Д-р Снежана Божиновска

Постојано сте пред компјутер? Почитувајте го правило 20-20-20 против замор на очите, предлог од д-р Снежана Божиновска. Ова правило овозможува враќање на очите во нивната природна положба и им помага да го зачуваат соодветниот број на трепкања. Проблемот со замор на очите е проблем на светско ниво и сè почесто станува актуелен во детската возраст, но достигнува значителен пораст како резултат на ефектите на светската пандемија во која моментално живееме.



Македонија е природно убава земја, во тоа се согласуваме и ние што живееме во неа, а и странците што ќе ја посетат. Но, природната убавина не е доволна ако се соочиме со реалноста на немарливоста на нашиот народ и на нашиот систем со проблемот на фрлањето ѓубре и справувањето со отпадот. Зошто толку лошо се однесуваме кон нашата животна средина? Се обидуваме да одговориме во соработка со професорките од Институтот за социологија, Милева Ѓуровска и Весна Димитриевска.

Првата ретроспективa на илустрации од Димитар Кондовски ќе врати многумина во детството, вели Софија Семенпеева-Трајановска, директор на фестивалот „Литера“.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема