„Ворнер брос“ конечно го објави целосниот трејлер за филмот „Бетмен“ на режисерот Мет Ривс, на настанот Ди-си Фандом.
Трејлерот не само што го прикажува Роберт Патисон како
Бетмен туку ја покажува и Зое Кравиц како жената мачка, Колин Фарел како Пингвинот, Џефри Рајт како комесарот Гордон и Пол Дано како Ридлерот. Исто така, го гледаме Енди Серкис како Алфред Пениворт, десната рака на Брус Вејн.
Голем дел од критичарите велат дека овој филм е најтемното и најнасилното кинематографско парче досега, дури и во споредба со трилогијата „Темниот Витез“ на Кристофер Нолан.
Фото: Screenshot/YouTube