X
 17.12.2019 Култура

„Брачна приказна“ - филм што (не) треба да го гледате ако планирате да стапите во брак

Што се случува со луѓето што стапуваат во брак од љубов, а потоа, еден ден сè се распаѓа, дури и ако не стигнале до фазата „Крејмер против Крејмер“? Што ги убива бракот и врската? Како оние што се цврсто решени низ разводот да ги задржат достоинството и нормалниот однос стигнуваат до војна? И на крај, но не помалку важно - дали е можно во екот на борбата за своето парче под небото да се поштедат децата од болка и секогаш да се ставаат на прво место? Тоа се прашањата што ги поставува миленичето на „Нетфликс“, „Брачна приказна“.

Да не беа главните актери - Скарлет Јохансон и Адам Драјвер, ништо не би било исто. Скарлет конечно во својата 25-годишна кариера покажа дека знае да глуми, и тоа одлично. Всушност, сè додека ја ставаа во шаблонот секси, згодна мачка - не даваше ништо освен згодно тело и глас од кој на мажите им се вртеше во главата. Сега, кога ѝ ја избришаа снимката и ѝ дадоа улога што бара многу - таа се покажа како брилијантна.

Режисерот Ноа Бомбач во 2013 година се разведе од актерката Џенифер Џејсон Ли и се шпекулира дека „Брачна приказна“ е негово уметничко дело на бракот со неа.

Скарлет и Адам ги глумат Чарли и Никол. Тој е ценет и талентиран театарски режисер, таа е актерка, ѕвезда во неговиот театарски тим. Поради Чарли, од Лос Анџелес се преселила во Њујорк и ѝ давала важна доза на гламур на неговата екипа. За жал, со текот на времето таа чувствува дека станува неважен дел од бракот, Чарли не ја прашува што сака, како се чувствува, нејзината кариера е во негова сенка, рамнодушен е кон нејзините потреби и мислење. Чарли и Никол имаат осумгодишен син, Хенри. Добрата работна понуда што доаѓа од Лос Анџелес, незадоволството на Никол го доведува до црвен аларм, а решеноста да се разведат го отежнува фактот што Чарли е многу близок со нејзината мајка и сестра. Тие едноставно го обожаваат Чарли.

Бракот е веќе распаднат. На почетокот постои надеж дека сè може да се заврши пријателски и неформално. Не сфаќајќи во што влегува, Никол ја ангажира способната адвокатка Нора, која ја глуми Лора Дерн. Збунетиот Чарли нема друга опција освен и тој да ангажира скап адвокат и го избира Џеј, кој го глуми Реј Лиота, и нежниот, емотивен Берт (Алан Алда).

Влијанието на Вуди Ален е очигледно - монтажата на почетокот на филмот совршено го доловува сето она што Чарли и Никол го сакаат еден кај друг, а потоа следува мачната глетка за контрола, во сцената во која по последната заедничка претстава Чарли ѝ ги чита неговите белешки на Никол во кои ритуално ја критикува нејзината глума, иако тоа повеќе не е важно.

Една од најсилните страни на овој филм е неговата директност. Целта не му е да го промените начинот на размислување за врските или бракот. Искрен е, иако е клише. Чарли и Никол се борат со истите работи како и сите парови кои суштината на односот ја учат на потешкиот начин, асите аргументи се претвораат во еден ист аргумент, балансот што доведува до задоволување на потребите на партнерот мора внимателно да се разгледаат, а проблемите што можат да доведат до крај се тука уште на почеток, дури и кога не ги гледаме.

Надежта во филмот „Брачна приказна“ не е во реченицата „додека смртта не нè раздели“, туку во достоинствениот крај кој единствено може да го дефинира сето она што довело до него. Гледајте го, особено ако сте на почеток на врската, а не гледајте го ако сте на почеток на бракот.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура